Дали лебот навистина дебелее?

Дали лебот навистина дебелее?

Прашањето кое мачи многумина со години: Дали лебот навистина дебелее?

Новите истражувања покажуваат дека 43 отсто од жените избегнуваат леб за време на диета, 20 отсто од нив не чувствуваат вина додека го јадат, додека останатите сметаат дека категориите „здрав“ леб се многу конфузни.

Студијата, која опфатила илјада жени помеѓу 25 и 65 години, ја спровела австралиската пекара Bakers Delight, која сакала да ги сруши митовите поврзани за лебот.

Нутриционистот Шарон Натоли вели дека бројни жени не се свесни дека вистинскиот избор на леб ќе им помогне во варењето, подигнување на енергијата и зачувување на здравјето.

На лебот инаку се гледа како на еден од главните виновници за дебелеење.

„Но не постојат докази кои ќе потврдат дека поради лебот се дебелеете. Студиите покажуваат дека бројни жени не се свесни од бенефитите кои можат да ги имаат од лебот со цело зрно, како влакна, витамин Б, магнезиум и железо. Тој е важен за здрава и добро избалансирана исхрана, затоа не чувствувајте вина што го конзумирате“, рекла Натоли.

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

 

 

singlepost_text