ЗБОГАТЕТЕ ГО ЈАДЕЊЕТО: Крем сос од шампињони

ЗБОГАТЕТЕ ГО ЈАДЕЊЕТО: Крем сос од шампињони

Збогатете ги јадењата со пикантен сос од шампињони.

Состојки:

  • 300 гр свежи шампињони
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 морков
  • 1 пашканат
  • 1 главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • мелен бибер
  • коријандер
  • босилек
  • свеж магдонос
  • ловоров лист
  • сол
  • 2 дл вода
  • 1 лажица густин
  • 1 лажица сенф
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ги морковот и пашканатот на коцки, па испржете ги, додајте сечкан кромид, бибер и коријандер.
  2. Кога кромидот ќе добие златно-жолта боја, додајте шампињони сечкани на листови, прелијте со вода и динстајте дваесетина минути.
  3. Потоа додајте ги останатите состојки. Разматете густин и гответе уште неколку минути.
  4. Послужете со главно јадење.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

Пијани печурки

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Динстано телешко со печурки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брзо и посно: Печурки со сусам

Мусака со печурки

Печурки во бел сос

singlepost_text