Овие мали, полнети штрудли се подготвуваат многу брзо и едноставно, бидејќи нема чекање тестото да нарасне.
Состојки:
- 1 шолја маргарин или путер (може и маст)
- 1 шолја кисела павлака
- 3 шолји бело брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- изрендана кора од лимон
- неколку лажици густ мармалад
Начин на подготовка:
- Замесете ги сите состојки (со тоа што маргаринот ќе биде на собна температура). Замесеното тесто развлечете го на работна површина и исечете 3-4 ленти. Во средина ставајте мармалад.
- Преклопете ги краевите, малку притиснете за да се спојат. Исечете на помали штрудли и редете ги во намастен плех.
- Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Деталното упатство за подготовка погледнете го во видеото подолу:
Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!
Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета
Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци
Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија
Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса