СУСАМ ПИЦА: Омиленото италијанско јадење со нов додаток!

СУСАМ ПИЦА: Омиленото италијанско јадење со нов додаток!

Омилената пица отсега и со нов додаток…

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 2,5 дл млеко
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол

Состојки за фил:

  • 200 гр шунка
  • 150 гр рендан кашкавал
  • 100 гр кашкавал исечен на стапчиња
  • 200 гр кечап
  • оригано
  • сусам
  • домат и маслинки (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Од наведените состојки замесете тесто и оставете го да отстои 15 минути. Премесете го и поделете го на два дела. Секој дел растегнете го во плех.
  2. На првата подлога наредете кашкавал сечен на стапчиња, па преклопете го со вишокот тесто.
  3. Пицата премачкајте ја со кечап, ставете шунка и кашкавал, а од горе посипете со сусам.
  4. Целата пица посипете ја со оригано и печете ја 15 минути на 200 степени.
  5. По желба додајте босилек, маслинки или шери домати.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки