Од ова чоколадно уживање ве делат само 5 минути!

Од ова чоколадно уживање ве делат само 5 минути!

Знаете ли дека во микробранова можете да испечете колач за само 5 минути? Освен што е неверојатно вкусен, многу брзо и едноставно се подготвува!

Состојки:

  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици какао
  • 1 јајце
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици путер
  • неколку капки екстракт од ванила
  • неколку парчиња чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Во голема шолја измешајте брашно, шеќер, какао и чоколадо. Откако состојките добро ќе се соединат, додајте јајце и мешајте сè убаво да се соедини.
  2. Во смесата додајте млеко и екстракт од ванила, повторно измешајте. Смесата во шолја ставете ја во микробранова печка на три минути на најголема температура. По желба, колачот посипете го со шеќер или шлаг.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

 

 

singlepost_text