Ви донесуваме едноставен рецепт за подготовка за домашен чипс.
Состојки:
- млади компири
- масло
Начин на подготовка:
- Измијте млади компири и исечете ги на тенки парчиња со нож.
- Премачкајте тепсија со слој масло, па наредете ги компирите (внимавајте да не се преклопуваат). Од горе премачкајте ги компирите со тенок слој масло.
- Така подготвените компири ставете ги да се печат во рерна загреана на 250 степени, околу десетина минути.
- За време на печењето, неколку пати отворете ја вратата од рерната за да излезе пареата и чипсот да остане крцкав.
- Готовиот чипс извадете го од рерна, посолете и послужете.
Уживајте!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Турски специјалитет – рецепт за вртена пита со месо и компири
Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири
Компир тава со кромид и сусам – посен и многу вкусен рецепт
ВИДЕО: Излупете компир за 5 секунди