Направете гозба: Пита-хармоника со спанаќ

Направете гозба: Пита-хармоника со спанаќ

Направете супер деликатес во кујната. Пита хармоника со спанаќ е супер вкусно јадење.

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 6 јајца
  • 600 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • 180 мл кисела павлака
  • 1 прашок за пециво
  • 400 гр спанаќ
  • 200 гр сирење
  • сол

 

 

 

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со павлаката, сол и прашокот за пециво па се спојува сето тоа со јогуртот и сирењето и маслото.
  2. Спанаќот се вари во топла вода па ситно се сече и се додава во смесата со јајца.
  3. Плех премачкуваме со масло, па ставаме кори, а потоа ги насукуваме
  4. Се става од филот, па се реди друг ред кори.
  5. Се пече на 220 степени 30 минути.

Повеќе на Готви.мк:

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

singlepost_text