Баварско пивско печење

Баварско пивско печење

За следниот ручек ви го предлагаме ова вкусно печење на баварски начин.

Состојки:

  • 1,5 кг свинско месо во едно парче

Состојки за маринада:

  • 700 мл пиво
  • 3 лажици сенф
  • 1 голема главица кромид
  • 3-4 лажици мед

Останати состојки:

  • 1 лажица путер
  • 1 лажица брашно
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исчистете го месото од вишок маснотии. Измијте го и исушете го. Во лонец ставете ги сите состојки за маринадата и ситно сечкан кромид.
  2. Оставете сè да се вари околу 5 минути или додека не омекне. Сè испасирајте со миксер и оставете да се излади.
  3. Во голема кеса за замрзнување ставете го месото, прелијте го со маринада и врзете го кесето, па сè ставете го во фрижидер.
  4. Оставете го месото да се маринира најмалку 8 часа, а најдобро е да го оставите во маринадата преку ноќ.
  5. Пред печењето месото извадете го барем половина час порано од фрижидер, да биде на собна температура. Месото извадете го од маринадата и исушете го на кујнска хартија. Посолете и побиберете.
  6. Во сад на страна измешајте путер со брашно па премачкајте преку месото. Пропржете го месото неколку минути од секоја страна да добие фина боја. Префрлете го месото во керамички пекач и ставете сос/маринада.
  7. Печете го во загреана рерна на 180 степени околу час и половина. Можете за време на печењето да го свртите месото. Сервирајте со прилог по желба.

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти на Готви.мк

Гурманска домашна плескавица

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо

 

singlepost_text