Како во скап ресторан: Највкусниот Фунги сос за тестенини

Како во скап ресторан: Највкусниот Фунги сос за тестенини

Направете вкусен сос за тестенини како во најелитните ресторани. Фунги сосот кој е омилен на многумина, можете од сега да го правите и дома.

Состојки:

  • 200 гр тестенини
  • 200 гр шампињони
  • 100 гр шунка
  • 100 мл неутрална павлака
  • масло, сол и зачини

 

 

Подготовка:

  1. Тестенините се варат на вообичаен начин во солена вода.
  2. Во меѓувреме додека ги вариме тестенините, се ставаат печурките ситно исецкани на тава со масло, се посолуваат, се ставаат и други зачини по желба, па се додава шунката. На крај се става и павлаката и се остава малку да динста.
  3. Се ставаат и шпагетите кои добро сме ги исцедиле.
  4. Сервирајте со магдонос.

Повеќе на Готви.мк:

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

singlepost_text