ОВА МОРАТЕ ДА ГО ПРОБАТЕ! Чикаго пица со дебело и крцкаво тесто, полно со прелив!

ОВА МОРАТЕ ДА ГО ПРОБАТЕ! Чикаго пица со дебело и крцкаво тесто, полно со прелив!

Ако сте љубител на пица, тогаш ова морате да го пробате! Ова е рецепт за Чикаго дуплекс пица.

Состојки за тесто:

  • 600 гр брашно
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • млака вода

Состојки за прелив:

  • 2 свежи домати
  • 500 гр кашкавал
  • 100 гр свеж спанаќ
  • 150 гр шунка Пекабеско
  • маслиново масло
  • оригано
  • чешне лук

Начин на подготовка:

  1. Од подготвените состојки замесете тесто како за леб, прекријте го со крпа и оставете го на топло (30-50 минути). Потоа благо премесете го тестото и поделете го на две топки. Сега развлечете го тестото и ставете го во садот за печење намастен со маслиново масло.
  2. На оваа прва подлога директно изрендајте 300 гр кашкавал, потоа наредете листови шунка, па ситно сечкан спанаќ. Од горе посипете со лук, исто така ситно сечкан. Краевите не ги прекривајте со фил.
  3. Потоа, развлечете го другото тесто па прекријте ја пицата, а краевите благо свиткајте ги да се залепат.
  4. На неколку места со чепкалка направете дупчиња на тестото. По средината премачкајте со маслиново масло.
  5. Преку тестото од горе наредете сечкан домат и останатите 200 гр кашкавал. Посипете со оригано и печете во рерна околу 30 минути.
  6. Чикаго пицата се пече во подлабок, кружен огноотпорен сад. Оваа количина пица е наменета за 4 лица.

Повеќе на Готви.мк:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text