Започнете го денот со здраво смути од билно млеко и овошје кое ќе го регулира варењето, но и вишокот килограми.
Празничниот зимски период ви помина со семејни и пријателски собири. Некои можеби претерале со храната и пијалаците, затоа ви предлагаме едно вкусно смути кое помага при слабеење.
Состојки:
- 1 чаша бадемово млеко (или нискокалорилен јогурт)
- 2 ситно сечкани смокви
- 2 ситно сечкани суви сливи
- 2 лажици чиа
- 1 лажица ленено семе
- малку цимет
- мед и бадеми по желба
Начин на подготовка:
- Подготовката е многу едноставна. Во блендер изблендирајте ги сите состојки. Започнете го денот со оваа напивка, а препорачливо е по конзумацијата да испиете чаша вода.
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате