Палачинки филувани со сирење и суво грозје.
Состојки за палачинки:
- 250 гр брашно
- 3 јајца
- 500 мл млеко
- малку сол
- 1 лажица шеќер
- 1/2 лажичка рендана кора од лимон
- 3 лажици путер
- 100 гр суво грозје во рум
Состојки за фил:
- 250 гр сирење
- 75 мл млеко
- 2 лажици мед
- 1 кесичка ванилин шеќер
- неколку листови нане
Начин на подготовка:
- Замесете глатко тесто од брашно, млеко, сол, шеќер, кора од лимон. Путерот загрејте го во тава и на него печете ги палачинките една по една. Пред да ги свртите палачинките посипете ги со лажица суво грозје во рум, па испечете од другата страна.
- За филот измешајте сирење со мелко, мед, ванилин шеќер. Измешајте го и останатото суво грозје.
- Палачинките премачкајте ги со добиената маса, свиткајте ги и сервирајте ги на чинии. Украсете со листови нане.
Добар апетит!
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)