Кисела зелка со грав – идеално јадење за зимските денови!

Кисела зелка со грав – идеално јадење за зимските денови!

Едно посно јадење кое е идеално во зимските денови!

Состојки:

  • 500 гр грав
  • 3 главици кромид
  • 12 лажици масло
  • 2 помали кисели зелки
  • слатка пиперка
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Потопете го гравот во вода и оставете го да отстои. Потоа кратко згответе, исцедете, налијте нова вода, па додајте две исечкани главици кромид и 5 лажици масло и гответе додека гравот не се свари.
  2. Во друго тенџере издинстајте ситно сечкана кисела зелка со малку масло (или маст).
  3. Во посебно тенџере загрејте го остатокот од маслото и испржете ја останатата исечкана главица кромид. Додајте лажица слатка пиперка, пржете уште околу 60 секунди, па измешајте со исцедениот зготвен грав и издинстаната зелка.
  4. Посолете и побиберете по желба, измешајте и запечете во рерна.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text