Едноставна, превкусна и сјајна! Ви донесуваме рецепт за тортка за која сите зборуваат…
Состојки:
- 450 гр мелени бисквити
- 250 гр мелени ореви
- 1,5 кг банани
- 4 жолчки
- 250 гр шеќер во прав
- 250 гр путер
- 100 гр чоколадо за готвење
- 3 дл слатка павлака
- 2 дл сок од портокал
- сок од еден лимон
Начин на подготовка:
- Мелените бисквити прелијте ги со сок од портокал и добро измешајте.
- Посебно разматете путер, шеќер во прав и жолчки.
- Додајте натопени бисквити, мелени ореви и мешајте додека не добиете компактна смеса.
- Подготвената смеса поделете ја на два дела.
- Во калап за торта обложен со фолија распоредете половина од филот со бисквити.
- Бананите пропрскајте ги со сок од лимон и наредете ги преку филот.
- Во другиот дел од филот со бисквити додајте растопено чоколадо и добро измешајте. Потоа распоредете го преку бананите и израмнете.
- Слатката павлака разматете ја во цврст шлаг и премачкајте ја тортата.
- Готовата торта ставете ја во фрижидер да стегне, а потоа извадете ја од калапот.
Уживајте!
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи