Петранка Цветкоска нѝ испраќа оригинален и многу вкусен рецепт за баклава со мак. Подготовката нема да ви одземе премногу време, а резултатот ќе биде среќно семејство собрано околу трпезата. И секој ќе побара репете 🙂
Еве го рецептот:
Состојки:
- 1/2 кг кори за баклава
- 200 гр шеќер
- 200 мл кисела вода
- 250 гр масло за готвење
- 100 гр мак
- 1/2 прашок за печиво
Состојки за шербет:
- 400 мл вода
- 500 гр шеќер
Начин на подготовка:
- Шеќерот, киселата вода, маслото за готвење, макот и прашокот за печиво се мешаат заедно.
- Во подмачкан плех се редат 4 кори и се пропрскуваат со филот.
- Потоа се реди кора по кора, секоја пропрскана и филувана.
- Најодозгора се завршува со редење на 4 кори, се сече и се става баклавата да се пече.
- Откако ќе биде испечена, баклавата се вади и се остава целосно да се олади.
- Во меѓувреме го подготвуваме шербетот. Состојките ги ставаме во тенџере да зовријат. Откако ќе почне да врие, оставаме да врие околу 20 минути, односно додека да се згусне.
- Целосно оладената баклава ја попаруваме со врелиот шербет.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути