Ова пикантно предјадење е многу декоративно и убаво ќе ја украси вашата трпеза.
Состојки:
- 500 гр полномасно овчјо или кравјо сирење
- 10 печени пиперки
- 5 печени лути пиперчиња
- 6-7 чешниња лук
- 1 лажица кајмак
- 1 лажичка пипер
- 3 варени жолчки
- малку масло
Начин на подготовка:
- Во поголем сад за матење добро изгмечете сирење. Печените пиперки и лути пиперчиња, излупете ги и исчистете ги од семки. Измелете ги ситно во блендер и додајте сирење.
- Лукот изгмечете го, па и него додајте го сирењето и пиперките. Жолчките изгмечете ги заедно со кајмак, па додајте ги пиперките. Се добро измешајте, додајте малку масло и измешајте уште еднаш.
- Формирајте топчиња и оставете ги во фрижидер барем 3 часа пред послужување.
Добар апетит!
ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи
ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин
ВИДЕО: Нема повеќе печење или пржење јајца, туку…
ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца