Највкусното посно бадниково гравче – само еден додаток го менува вкусот

Највкусното посно бадниково гравче – само еден додаток го менува вкусот

Направете го највкусното посно гравче за бадниковата трпеза.

Состојки:

  • 500 гр грав
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 100 гр суви сливи
  • сол
  • вегета запршка
  • 4 лажици масло
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица црвен пипер
  • 100 мл топла вода

Подготовка:

  1. Гравот вообичаено со полева во вода и се става да поврие на оган, па се додава содата и се вари 15-ина минути.
  2. Се процедува гравот, се пере со топла вода и се враќа во лонецот со кромидот кој ситно ќе го исечеме,изренданиот морков, па вода.
  3. Се ставаат сол и вегета по вкус.
  4. Сувите сливи ситно се сечат, па се додаваат внатре и се крчка 30 минути.
  5. На крајот се става запршката, со масло и брашно во кое се додава црвен пипер и  се става во топлата вода.
  6. Нека поврие па сипете го гравот.

Повеќе на Готви.мк:

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки