Како прво, паѓа нивото на шеќер во крвта, а тоа влијае на сите органи. Се јавува чувство на замор и исцрпеност, успорува метаболизмот, но успорува и согорувањето на калории. Мозокот преминува во посебна состојба.
„Без храна која дава енергија, човечкиот мозок влегува во посебна состојба. Се менуваат инелектуалните и емотивни функции. Лицето станува склоно кон промена на расположението, а концентрацијата и помнењето слабеат“, вели нутриционистот Меги Мун.
Кога ќе јадете, организмот чувствува олеснување, но само на кратко. Ако често избегнувате оброци, долгорочно ќе имате проблеми со успорен метаболизам, а нивото на шеќер ќе ви биде нестабилно.
Со други зборови, прескокнувањето оброци значително влијае на организмот и го слабее, а последиците можат да бидат кобни.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Прочитај повеќе кулинарски совети и трикови ТУКА
Помоќен од вијагра и афродизијак: Две состојки за да бидете ѕвер во кревет
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт