Екстремен студ, зимата го покажа своето – Македонија во бело

Екстремен студ, зимата го покажа своето – Македонија во бело

Највисока снежна покривка во државава изутрина во седум часот е измерена во Маврово и Лазарополе, каде има 11 сантиметри снег, а во Тетово и во Пожаране е формирана снежна покривка од три сантиметри.Според Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), најниска температура од минус седум степени Целзиусови е измерена во Скопје Петровец, по што следа Штип со минус пет, Скопје Зајчев Рид, Куманово, Берово, Гевгелија, Струмица и Демир Капија, со минус четири, Маврово и Тетово со минис три, минус два Битола и Крива Паланка, минус еден Лазарополе, Ѓуриште, Виница и Крушево,…

УХМР најавува дека денеска времето ќе биде облачно со врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а до крајот на денот и во останатите делови од земјава. На југот од земјава врнежите најпрвин ќе бидат претежно од дожд, а потоа ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Ќе дува умерен, попладне засилен северен ветер, но во јужните делови претпладне ветерот ќе биде јужен. Температурата ќе достигне од 1 до 8 степени. Во Скопје облачно со врнежи од снег, попладне со засилен северен ветер. Температура до еден степен.

Утре ќе биде облачно и студено, претпладне со повремени врнежи од снег со послаб интензитет, особено на истокот од земјава. Ќе дува силен северен ветер. Можна е појава на снежни навеви. Утринска температура од -9 до -3, а дневна од -9 до -2 степени.

Како што најави УХМР, за време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено. Преку денот најстудено се очекува да биде во сабота со температури од -12 до минус шест, а во недела утринските температури насекаде ќе бидат под -10, а на места ќе се спуштат и до -20 степени. Потоа во наредните денови ќе се задржи студено, но со благ пораст на температурите.

Повеќе на Готви.мк:

Неверојатен рецепт со кој може да ги оставите цигарите

Храна која задолжително треба да ја консумираат пушачите

Зошто не смеете да запалите цигара веднаш по јадењето?

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

singlepost_text