Брзо и лесно до вкусна салата која ќе го збогати секој оброк!
Состојки:
- 6 јајца
- сок од половина лимон
- 3 лажици мајонез
- 1 1/2 лажица сенф
- сечкан кромид
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Јајцата ставете ги во студена вода и сварете ги. Кога водата ќе почне да врие, тргнете го тенџерето од оган и оставете ги јајцата во врелата вода околу 10 минути. Потоа извадете ги јајцата, изладете ги и излупете ги.
- Во сад со средна големина измешајте мајонез, сенф, сок од лимон и исечкан кромид. Додајте ги сечканите варени јајца, измешајте, посолете и побиберете по вкус.
Добар апетит!
ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал
Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви