Слатките топчиња можете да ги извалкате во мелени бисвити, кокос или да ги прелиете со чоколадо.
Состојки:
- 200-300 гр кикирики
- 250 гр маргарин
- 200 гр ореви
- 100 гр бисквити
- сок од 1 лимон
- кокосово брашно, чоколадо или бисквити за посипување на бомбиците
Начин на подготовка:
- Сомелете ги кикириките, додајте маргарин и сок од лимон. Убаво соединете, додајте иситнети ореви, а на крај мелени бисквити.
- Сè добро измешајте, правете мали бомбици од смесата и извалкајте ги во кокос (ореви, чоколадо, мелени бисквити или нешто друго).
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот