Руколата на месото му дава посебен вкус, а сирењето сочност…
Состојки:
- 250 гр пилешки гради
- 30 гр рукола
- 30 гр маскарпоне сирење
- 30 гр црвена пиперка
- неутрална павлака
- манго
- пченка
- морков
- компир
Начин на подготовка:
- Пилешките гради наполнете ги со рукола и маскарпоне и црвена пиперка. Пржете на скара.
- Неутралната павлака сварете ја да зоврие и додајте манго.
- Кратко гответе да стане кремасто и со добиениот сос прелијте ги пржените пилешки гради.
- Јадењето послужете го со печен морков и компир и варена пченка.
На здравје!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт
Зеленчукова ужинка за на работа
Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки