Популарниот десерт доби и своја солена верзија.
Состојки:
- 300 гр солени крекери
- 250 гр маргарин
- 1-2 лажици павлака
Состојки за фил:
- 500 гр сремско сирење
- 250 гр обично сирење
- сол
- сенф
Состојки за горен слој:
- 150 гр зеленчук по избор
- 150-200 гр шунка
- 1 кесичка желатин
- магдонос
- бибер
Начин на подготовка:
- Сомелете ги крекерите и замесете ги со путер и павлака. Тестото растегнете го со раце во калап.
- Двете сирења измешајте ги со зачини и добро измиксајте ги, па ставете ги преку подлогата.
- Шунката ситно исечкајте ја. Зеленчукот сварете го и разладете го, измешајте го со шунката и ставете го преку сирењето.
- Растопете желатин по упатство и разладен полека ставете го преку солениот чизкејк. На крај посипете со ситно сечкан магдонос и бибер.
Добар апетит!
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес