Бананите на овие мали колачиња им даваат освежувачки вкус.
Состојки:
- 1 шолја шеќер
- 2 шолји брашно
- 1/2 шолја масло
- 1 јајце
- 3 банани, испасирани
- 1/4 шолја сечкани ореви
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Рерната загрејте ја на 180 степени. Плехот за мафини намастете го или ставете хартиени корпички.
- Измешајте шеќер, масло и јајце додека не добиете хомогена смеса. Додајте брашно, сода бикарбона и сол и останатите состојки. Се добро измешајте. Смесата ставете ја во плех за мафини.
- Печете во загреана рерна 30-40 минути. Со чепкалка проверете дали мафините се печени.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
Малиџано – одличен домашен рецепт