Кекс со чоколаден фил

Кекс со чоколаден фил

Помеѓу крцкавите кекси се крие неодолив чоколаден фил…

Состојки:

  • 180 гр путер
  • 60 гр шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 230 гр брашно

Состојки за фил:

  • 150 гр путер
  • 50 гр шеќер во прав
  • 100 гр чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Исечете 180 гр путер на помали парчиња и оставете да омекнат до собна температура. Потоа додајте шеќер во прав и ванили шеќер и сè измешајте.
  2. Константно мешајќи, додајте јајца и на крај просеано брашно.
  3. Ставете ја смесата во шприц и обликувајте колачиња во саканиот облик на хартија за печење во плех. Печете на 180 степени 15 минути.
  4. Разматете 150 гр путер со 50 гр шеќер. Чоколадото растопете го и почекајте да се излади, па додајте путер и шеќер.
  5. Нанесете фил на кексите и поклопете ги со други кекси.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

singlepost_text