Овие вкусни топчиња можат да бидат одличен прилог или лесен оброк.
Состојки:
- 200 гр сува леблебија
- 2 чешниња лук
- магдонос
- коријандер
- нане
- кромид
- 1 лажичка прашок за пециво
- сол
- 4 лажици сок од лимон
- 2-3 лажици сусам
- 1 л масло за пржење
Начин на подготовка:
- Леблебиите потопете ги во вода и оставете ги да отстојат преку ноќ. Потоа измијте ги и оставете ги да се исцедат.
- Исчистете го лукот. Измијте ги билките, исцедете ја водата од нив и искинете ги. Леблебиите, лукот и зачините два пати сомелете ги во машина за мелење месо.
- Исчистете го кромидот, измијте го и исечкајте го. Измешајте кромид, прашок за пециво, ким, коријандер, 1/2 лажичка сол и сок од лимон со леблебиите.
- Од смесата со влажни раце правете топчиња и извалкајте ги во сусам. Маслото загрејте го на 160 степени, па пржете ги топчињата околу 4 минути.
- Наредете ги топчињата на кујнска хартија да се исцедат.
Послужете и уживајте!
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки