НЕМА ПЕЧЕЊЕ И ЗАМОРУВАЊЕ: Чоколадни бомбици за празниците

НЕМА ПЕЧЕЊЕ И ЗАМОРУВАЊЕ: Чоколадни бомбици за празниците

 Сите сакаме нешто лесно и вкусно кое ќе ги воодушеви сите за празниците, но и ќе ни остави простор за уживање. Бомбиците со чоколадо и кокос се идеално решение, нема печење, брзи се, лесни и вкусни.

Состојки:

  • 3 банани
  • 100 гр бадеми
  • 100 гр лешници
  • 50 гр кокос
  • 100 гр ореви
  • 100 гр чоколада
  • 100 гр урми
  • 50 гр сусам

Подготовка:

  1. Бадемите, лешниците и орасите е мелат ситно. Сусамот се ставва во тенџере на оган, а бананите се лупат и се ставаат во сад, каде се гмечат.
  2. Потоа, во садот со бананата ги ставаме и мелените лешници, бадеми и ореви, и исечените урми.
  3. Го ставаме и сусамот и мешаме.
  4. Чоколадата се ренда , кокосот се става во сад.
  5. Се прават топчиња од смесата и се валкаат во чоколадо и кокос.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта