Направете посна солена бајадера од која ќе си ги излижете прстите. Совршена е за празничниот период.
Состојки:
- 800 гр посен кашкавал
- 200 гр маргарин
- 50 гр презла
- 100 гр сусам
- 200 гр шампињони
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 лажици масло
- 3 кисели краставички
- ½ лажици црвен пипер
- 1 лажица магдонос
- 5 лажици бело вино
- 100 гр кашкавал за декорација
Подготовка:
- На тефлонска тава се пржи сусамот додека не порумени.
- На масло се пржат кромидот и печурките, се динста, па се додава и лукот. Се става сол, бидер и зачини по вкус.
- Кашкавалот се ренда ситно, па се мати со маргаринот. Се дели смесата на три дела.
- Во првиот дел се става презла и сусам, и се додава белото вино, па се меша да се соедини.
- Во вториот дел се става црвениот пипер и шампињоните, а во третиот магдонос и краставичките.
- Секоја смеса се меша убаво да стане хомогена, па се редат слоевите еден на друг, како бајадера.
- Се декорира со кашкавал одозгора.
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)