Банана и камилица лечат главоболка

Банана и камилица лечат главоболка

Ве боли главата, уморни сте, расеани? Излупете една банана, исечете ја на тенки парчиња, ставете ја на парче интегрален леб и полека изедете ја, пиејќи истовремено шолја чај од камилица.

Зошто овој природен лек делува?

Бананата е богата со калиум кој ја стимулира циркулацијата на крвта и елиминацијата на течности и токсини. Освен тоа, доколку не е презрела, содржи прилична количина скроб, енергетски интегратор кој го закрепнува организмот и му дава сила.

Влакната во лебот допринесуваат за активирање на дигестивниот систем чија работа често е пореметена поради лошата циркулација на крвта која истовремено е и главен виновник за појавата на главоболка.

Камилицата, пак има смирувачки ефект.

Затоа, ако имате главоболка, веднаш земете банана, интегрален леб и чај од камилица!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text