Минималните температури се движеа од -5 во Битола, -3 Прилеп, -2 Маврово, Струмица и Претор, -1 Скопје-Петровец, Охрид и Лазарополе, 0 Тетово, Штип, Виница и Берово, 1 Крушево, Дебар и Тополчани, 2 Крива Паланка, Скопје и Демир Капија, 4 Куманово, Дојран, Ѓуриште и Гевгелија и 5 степени во Пожаране.
Врнежи се забележани само во Берово, а времето во текот на ноќта беше умерено до значително облачно, поведро беше во југозападните и југоисточните делови. На места дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. Изутринава во северозападните делови е облачно и на планините започна да врне снег.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.
Во Скопје и околината променливо облачно со услови за повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максимална температура до 7 степени.
Поради продор на многу студена воздушна маса од север во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време. Утре и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под -10 степени.
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот