Не знаете што да зготвите? Еве предлог – поховано пилешко со бадеми…
Состојки:
- 800 гр пилешко бело месо
- 3 лажички сув рузмарин
- 100 гр мелени бадеми
- 2 белки
- пипер
- сол
- бибер
- зачини (по желба)
- масло
Начин на подготовка:
- Пилешкото исечете го на шницли, па исчукајте ги. Шницлите посолете ги и побиберете ги.
- Измешајте рузмарин, бадем, пипер, па додајте малку сол и бибер. Белките разматете ги пенесто.
- Шницлите прво извалкајте ги во белки, па во смесата со бадеми и рузмарин.
- Обложете плех со хартија за печење, наредете го месото, прелијте со малку масло и печете околу 25 минути во рерна загреана на 180 степени. Месото послужете го со салата.
Добар апетит!
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат