Ќофте во сос од вино

Ќофте во сос од вино

Нека на вашата трпеза се најдат вкусни ќофтиња со сос од вино…

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • сув зачин
  • масло за пржење

Состојки за сос:

  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица сенф
  • 200 мл бело вино
  • 40 гр путер
  • бибер
  • сол
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Соединете ги месото, ситно сечкан кромид и лук, зачините и јајцата. Измешајте добро за смесата да биде погодна за обликување. Од подготвената смеса правете мали ќофтиња.
  2. На умерена температура, на малку масло, испржете ги ќофтињата додека не добијат златна боја.
  3. Пржените ќофтиња наредете ги на чинија и покријте ги со алу-фолија, па оставете ги на страна, на топло.
  4. За сосот во посебен сад растопете путер и додајте брашно, па кратко пропржете со непрекинато мешање, водејќи сметка да брашното не ја промени бојата. Додајте сенф и измешајте, па брзо додајте вино и повторно измешајте ги состојките. Зачинете по вкус и гответе на умерена температура додека сосот не добие густина.
  5. Пржените ќофтиња сервирајте ги на чинија и прелијте ги со сос.
  6. Послужете со пире компир и салата.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text