Подгответе вкусни празнични колачиња!
Состојки:
- 150 гр мед
- 1 лажичка цимет
- 125 гр путер
- 275 гр интегрално брашно
- 1 јајце
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- 4 чоколада за готвење
Начин на подготовка:
- Загрејте путер, мед и цимет убаво да се растопат. Оставете да се излади. Додајте јајце и измешајте.
- Во оваа смеса додајте брашно и прашок за пециво
- Тестото треба да мирува околу 30 минути.
- Растегнете го тенко и со калапи во облик на ѕвезда или елка вадете колачиња.
- Во претходно загреана рерна на 200 степени, ставајте ги на плех на кој претходно сте ставиле хартија за печење и печете околу 5-10 минути додека не поруменат.
- Растопете чоколадо на пареа и премачкајте ги колачињата.
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома