Колачите во шолја поради едноставната подготовка се многу популарни. Прилагодливи се, па можете да ја искажете својата оригиналност во подготовката и идеални се за претстојните празници, кога сакате да правите нешто забавно со најмладите.
Состојки:
- 250 гр темно чоколадо
- 4 јајца
- 125 гр маргарин
- 125 гр брашно
- 100 гр кафеав шеќер
- кокос, брусници или нешто друго по желба
Начин на подготовка:
- Чоколадото искршете го на коцки, па тргнете шест коцки на страна. Останатите растопете ги заедно со маргаринот.
- Измиксајте јајца и шеќер, па во нив измешајте просеано брашно, а потоа и растопено чоколадо и маргарин.
- Во секоја шолја ставете коцка чоколадо. Преку коцката чоколадо со лажица ставете смеса.
- Печете во микробранова околу 4 минути на 700W.
Уживајте!
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко
Шарена тава со зеленчук и пилешко
Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки