Временска за Нова Година – што не чека за најлудата ноќ?

Временска за Нова Година – што не чека за најлудата ноќ?

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус пет, а дневната од четири до 10 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време со појава на умерена облачност, а ветерот и понатаму ќе биде претежно од северен правец. Утринските температури ќе бидат без позначителни промени, додека максималните дневни ќе бидат во благо покачување. Во понеделник се очекува да се движат од седум до 14 степени.

Ова е временската до Нова Година:

singlepost_text