Оброкот со месо понекогаш заменете го со риба. Ќе бидете и повеќе од задоволни, но и сити.
Состојки:
- 2 поголеми скуши
- рузмарин или магдонос
- маслиново масло
- 100 мл оцет
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка зачин
- мелен бибер
- 4-5 чешниња лук
- лимон
- 100 мл бело вино
Начин на подготовка:
- Скушата добро исчистете ја. Извадете ја внатрешноста, отсечете ја главата и добро измијте ја од крв. Во тенџере ставете 500 мл вода и 100 мл киселина, па во тоа ставете ја скушата да отстои 30 минути, а потоа извадете ја и добро измијте ја под млаз студена вода.
- Во сад ставете сенф, па додајте ситно сечкан магдонос, лук, сечкан рузмарин, маслиново масло, мелен бибер, зачин, па сè добро измешајте. Со тоа наполнете ги скушите и премачкајте ги од горе. Полијте со бело вино и со уште малку маслиново масло.
- Прекријте ги рибите со фолија и ставете ги во рерна на 200 степени околу 20 минути. Потоа тргнете ја фолијата и печете ги скушите уште 20 минути убаво да поруменат. За време на печењето преливајте ги со маринадата од тепсијата во која се печат.
- Со рибите како прилог послужете компир салата.
Добар апетит!
Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk
Црвена здрава чинија: Направете чорба од цвекло
Освежително и здраво: Смути од шумски плодови и цвекло
Домашен рецепт со кој повеќе нема ни да помислите на цвекло од тегла
Релаксирајте се: Чај кој ги опушта мислите и мускулите
Смути на денот: Моркови во чаша
Царот на овошните сокови: Зошто треба да пиете сок од јаболка?
Слабејте и уживајте: Смути со јаболка идеално за најавените горештини