Ни доаѓаат празници, а со нив и идеи што сè ќе се најде на трпезата која со љубов ја подготвуваме за најмилите.
Покрај разните јадења, не смеете да заборавите на пијалокот. Затоа ви донесуваме еден предлог: направете вкусна сангрија!
Најдобро од сè е тоа што се подготвува многу брзо, за помалку од 20 минути, совршена е за било која забава, а можете да додадете и состојки кои ги сакате, покрај оние кои одат во оригиналниот рецепт.
Состојки:
- 3 зелени јаболка
- 1 портокал
- 1,5 шолји брусница
- 1 шолја малини
- 2 шишиња суво бело вино
- 1 шолја сок од брусница
- 1/4 шолја шеќер
- 450 мл пиво од ѓумбир
- 2-3 гранчиња свеж рузмарин
Начин на подготовка:
- Излупете ги и исечкајте ги јаболката, па ставете ги во поголем бокал. Додајте парчиња портокал, а потоа малини и брусници. Измешајте со лажица, така што малините нема да се распаднат.
- Додајте вино, сок од брусница и шеќер, па повторно полека измешајте. Оставете ја сангријата да отстои 30 минути, а пред послужување, додајте и пиво од ѓумбир и рузмарин.
На здравје!
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди