Вкусните шарени кекси можете да ги послужите и топли и ладни!
Состојки:
- 300 гр брашно
- 3 лажици вода
- 120 гр шеќер во прав
- кора од лимон и портокал
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1/2 кесичка прашок за печиво
- 1 лажица какао
Начин на подготовка:
- Омекнете го маргаринот, додајте шеќер, кора од лимон и портокал, ванилин шеќер, брашно, половина прашок за пециво и вода и замесете глатко тесто. Поделете го на половина. Во едната половина додајте лажица какао, па добро изедначете.
- Темното тесто растегнете го, па со чаша вадете крофни. Истото направете го и со светлото тесто. Редете светол круг, до него темен, па светол и повторно темен (погледнете го видеото). Круговите полека свиткајте ги па поделете ги на половина.
- Наредете ги на плех во кој сте ставиле хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)