Пилешките крилца во сочен сос ќе ве освојат при првиот залак.
Состојки:
- 1,3 кг пилешки крилца
- 2 јајца, благо разматени
- 125 гр брашно
- 200 гр путер
Состојки за сос:
- 3 лажици соја сос
- 3 лажици вода
- 250 гр шеќер
- 1/2 шолја оцет
- 1/2 лажичка лук во прав
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175 степени.
- Крилцата преполовете ги, па извалкајте ги во јајца, а потоа во брашно.
- Загрејте путер во длабока тава на средна температура, па пропржете ги крилцата додека не добијат темна браун боја.
- Во сад измешајте соја сос, вода, шеќер, оцет, лук и сол.
- Крилцата наредете ги во намастен плех, па прелијте ги со подготвениот сос.
- Печете во загреана рерна 30-45 минути, повремено преливајќи го месото со сос.
Добар апетит!
Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари
Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат
Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л