Јадење кое лесно се подготвува…
Состојки:
- 2 батаци (300 гр)
- 150 гр грашок
- 150 гр пченка
- 2 моркови
- 2 компири
- ловоров лист
- бибер во зрно
- 1,5 дл млеко
- 2 лажички пченкарно брашно
- зачини
- сол
- 1 лажичка сенф
Начин на подготовка:
- Во солена вода сварете 2 пилешки батаци, па месото одвојте го од коските и исечкајте го на коцки.
- Во истата вода додајте 150 гр грашок, 2 моркови на коцки, 150 гр пченка.
- Од зачини додајте 1-2 листови ловор, десетина зрна бибер и мешавина од зачини, па сè ставете да се готви 15 минути.
- Додајте уште два компири исечени на коцки, исечкани батаци и сè заедно гответе.
- Во чаша разматете 2 лажици пченкарно брашно, 1 лажичка сенф и 1,5 дл млеко, па ставете во чорбата која се готви. Посолете по желба.
- Оставете ја чорбата повторно да зовире. Послужете во длабоки чинии.
На здравје!
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт