Направете вкусни посни колачи со кои гостите на посната слава Свети Никола ќе заминат со насмевка.
Состојки:
- 3 шолји брашно
- ½ шолји пиво
- 1 шолја масло
- ½ прашок за пециво
- 600 гр шеќер
- 450 мл вода
Подготовка:
- Сите состојки освен шеќерот и водата ставете ги во сад, направете тесто и направете кругови, па ставете ги колачите во тава за печење.
- Печете 15 минути на 220 степени.
- На оган направете шербет од шеќерот и водата, па полијте ги колачите кога ќе се изладат.
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко
Шарена тава со зеленчук и пилешко
Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки