Празнична трпеза: Посен полнет крап

Празнична трпеза: Посен полнет крап

Направете вкусен посен полнет крап за денешната празнична трпеза.

Состојки:

  • 1 крап
  • 1 главица кромид
  •  1 главица лук
  • 2 моркова
  •  1 пиперка
  • 1 домат
  • магдонос
  • масло
  • 1 лажичка брашно
  •  1 лажичка црвен пипер
  •  1 дл бело вино
  • 1 лимон
    сол, бибер, вегета

Подготовка:

  • Исчистениот крап го посолуваме и од внатрешна страна и од надворешна страна и го наросуваме со бибер, па го засекуваме на неколку места, а во засеците ги редиме чешнињата лук и парчињата лимон.
  • Целиот зеленчук ситно се сечка и се пропржува на загреано масло, кромидот, лукот, морковите, пиперката, доматот, и на крај магдоносот.
  • Зеленчукот го посолуваме и го зачинуваме со бибер и со вегета па додаваме една лажичка брашно и една лажичка црвен пипер.
  • Тавата за печење ја попрскуваме со масло. Крапот го полниме со содржината од зеленчук и го ставаме во тавата.
  • Налеваме малку вода и бело вино.
  • Се пече во загреана рерна на 180 степени 50 минути.

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

 

 

singlepost_text