Со ова сочно полнето месо послужете компир и некоја освежувачка салата.
Состојки:
- 1 кг пилешки карабатаци
- 300 гр суво месо
- 200 гр трапист сирење
- 1 лажица зачин по желба
- сол
- 1 чаша брашно
- презла
- 2 јајца
- 2 дл масло
Начин на подготовка:
- Месото исчистете го и отстранете ги коските. Сувото месо и сирењето исечете ги на коцки.
- Mесото зачинете го по желба, посолете, ставете парчиња суво месо и сирење внатре.
- Преклопете го месото и извалкајте го во брашно, па ставете го во разматени јајца, потоа во презла и пржете го на масло. Местото можете да го прицврстите со чепкалка за да не истекува филот при пржењето.
Послужете со салата и добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи