Брзо и лесно до десерт кој ќе ве освои…
Состојки:
- 2 банани
- 3 жолчки
- 1 шипка ванила
- 2 кесички ванилин шеќер
- 2 дл слатка павлака
- јајца
- презла
Начин на подготовка:
- Бананите излупете ги и исечете ги на поголеми кругови. Секое парче извалкајте го во јајца, па во презла, па уште еднаш во јајца и повторно во презла, па пржете на добро загреано масло.
- Ванила кремот направете го така што три жолчки ќе разматите на пареа со шипка ванила и две кесички ванилин шеќер.
- Кога ќе се излади, добиената маса соединете ја со слатка павлака. Со кремот прелијте ги бананите и сервирајте.
Уживајте!
Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци
Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија
Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?