Еспресо мус

Еспресо мус

Мус со еспресо добро оди со сочно овошје. Освен малини, можете да изберете јагоди, капини или боровници.

Состојки:

  • 6 листови желатин
  • 6 јајца
  • 160 мл еспресо
  • 1 ванилин шеќер
  • 250 гр шеќер
  • 400 мл слатка павлака
  • шеќер во прав
  • 200 гр малини

Начин на подготовка:

  1. Натопете го желатинот. Одвојте ги жолчките и белките. На пареа разматете жолчки, еспресо, ванилин шеќер и 200 гр шеќер. Во тоа растопете исцеден желатин и оставете да се излади. Разматете слатка павлака, па измешајте ја во кремот.
  2. Разматете белки и 50 гр шеќер, па додајте. Ставете мус во садови и изладете го во фрижидер околу 3 часа.
  3. Украсете со малини и шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

singlepost_text