ВИДЕО: Нема празнична магија без Божиќната Ѕвезда – направете ја од салфетка

ВИДЕО: Нема празнична магија без Божиќната Ѕвезда – направете ја од салфетка

Карактеристично за празничната еуфорија е и одгледувањето на растението Божиќна Ѕвезда, кое има симболика за празниците. Го има во црвена, розева, бела и беж боја, а се поставува до светло место, но не треба да биде во допир со ладно стакло. Таа е тропска билка и бара оптимална температура за одгледување околу 25°С. Високите температури и кратки температурни разлики ќе го скратат животниот век на ова растение, така да избегнувајте нејзино изложување на топлината од радијаторите, клима уредите, вентилацијата, како и места каде често се отвара прозор или врата.

Ова цвеќе го краси домот, а името го добило со оглед на тоа дека листовите му се во облик на ѕвезда. Се нарекува и празнична убавица, цвета за Божиќ, а ја симболизира ѕвездата која на тројцата кралеви им го покажала патот до Исус.

Чудно но вистинито е дека ова нежно цвеќе спаѓа во фамилијата кактуси.

Ние ви нудиме да направите супер декорација со салфетка. Ви треба само една салфетка за Божиќна Ѕвезда на трпезата.

 

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб