Задолжително пробајте го овој рецепт!
Состојки:
- 8 палачинки
- 400 гр крупно мелено јунешко месо
- 4 лажици масло
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- сол
- пипер
- 1 зелена пиперка
- 100 гр домат
- 15 гр брашно
- 150 мл кисела павлака
- 200 мл слатка павлака
- 1 лажица сув зачин
Начин на подготовка:
- Во тава на загреано масло кратко пропржете исечкан кромид. Додајте мелено месо, добро испржете, измешајте пипер и продолжете со динстање додавајќи вода по потреба. По некое време додајте пиперка и излупен домат исечени на коцки, исечкан лук, малку сол и зачини.
- На крај измешајте го брашното кое сте го разматиле со две лажици кислеа павлака, кратко згответе и малку изладете. Така подготвениот фил ставајте го на палачинките, па виткајте ги.
- Во истата тава загрејте слатка павлака и останатата кисела павлака, па дел од мешавината ставете во огноотпорен сад. Над павлаката ставете ги подготвените палачинки и прелијте ги со остатокот од павлаката.
- Кратко запечете ги во жешка рерна.
Добар апетит!
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)