Исклучително меко и вкусно пециво…
Состојки:
- 500 гр брашно
- 1/4 л млеко
- половина коцка квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 60 гр путер
- 1 жолчка
Начин на подготовка:
- Квасецот измешајте го со шеќер, лажичка брашно и малку млако млеко, па оставете го да скисне. Остатокот од млекото загрејте го и во него растопете маргарин.
- Во поголем сад измешајте брашно, квасец, сол и млеко со маргарин и замесете глатко тесто. Ако е потребно, додајте малку млака вода. Добро изработеното тесто оставете го на топло да нарасне додека двојно не се зголеми.
- Повторно измесете го, обликувајте леб, ставете го во намастен плех, покријте го со крпа и оставете го да одмори 30-45 минути.
- Површината на лебот премачкајте ја со жолчка разматена со малку млеко и печете на 220 степени.
Добар апетит!
Брзо и освежително: Смути од шумски плодови
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука
Повеќе рецепти за десерти тука
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки