Рижото со домат

Рижото со домат

Посебна нота на рижотото му даваат сочниот домат и сирењето моцарела.

Состојки:

  • 800 гр домат
  • кромид
  • 50 гр сушен домат во масло
  • 60 гр путер
  • 200 гр ориз
  • 125 мл бело вино
  • 1 л супа од коцка
  • 100 гр рендан пармезан
  • сол
  • бибер
  • шеќер
  • 125 гр моцарела
  • босилек

Начин на подготовка:

  1. Прелијте ги доматите со врела вода, излупете ги и исчистете ги од семки, па исечкајте ги. Исечкајте кромид и сушен домат, па заедно пропржете на 20 гр путер. Додајте ориз и динстајте. Налијте вино и гответе со непрекинато мешање.
  2. Додавајте супа, по една кутлача, но секогаш почекајте претходната количина да испари. Гответе со мешање околу 25 минути на слаб оган. Изрендајте пармезан и измешајте го во рижотото заедно со 40 гр путер. Посолете, побиберете и додајте малку шеќер.
  3. Исечкајте моцарела, па измешајте ја со коцките домат и босилек. Измешајте ги во рижотото и сервирајте.

Добар апетит!

Поврзани рецепти на Готви.мк

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак