Меки и вкусни компири во комбинација со крем сирење се одличен прилог за јадења со месо, а ако се послужат со салата можат да бидат и главно јадење
Состојки:
- 4 компири
- 150 гр крем сирење
- 100 гр павлака
- масло
- сол, бибер
Начин на подготовка:
- Компирите измијте ги, исушете ги и избодете ги со вилушка, премачкајте ги со масло и посолете ги. Подготвените компири ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 степени, од прилика 50 минути.
- За тоа време во помал сад ставете кисела павлака, додајте свежо крем сирење, зачинете со сол и бибер, и сè заедно измешајте со жица. Вака подготвеното полнење ставете го во фрижидер да се излади.
- Компирите ставете ги на чинии со листови зелена салата, наполнете ги со фил од сирење и послужете.
На здравје!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути